Медиумите од
Португалија објавија за драма во семејствоот на Кристијано Роналдо, неговата
мајка утрово во 5 часот била хоспитализирана и итно оперирана откако доживеала мозочен
удар.
Доларес Авеиро во
моментов се опоравува на интензивна нега во болницата „Нелио Мендоса“ во Фуншал, се наоѓа во стабилна и свесна состојба, но внимателно ќе мора да биде мониторирана во следните часови.
Според пишувањата
на локалните медиумите, Кристијано Роналдо веќе летнал за Мадеира, и околу 16 часот со
приватен авион ќе се врати дома за да биде покрај својата мајка. До крајот на денот, ЦР7 ќе одлучи дали веднаш ќе се врати во Италија за да игра против Милан
во купот (мечот е закажан за среда во 20:45 часот).
Одредени извори
шпекулираат дека тој најверојатно ќе настапи, наводно веќе закажал лет од Мадеира
за Торино во среда наутро со цел да се врати на време за реваншот на „Алиацн
Ареана“.