Првиот човек на Интер „експлодираше“ и го навреди претседателот на Серија А: Ти си кловн, треба да се засрамиш! (ФОТО)

by
1 минути читање

Интер минатата недела
влезе во војна со Серија А поради серијата откажни натпревари како резултат на коронавирусот. Генералниот извршен директор Бепе Марота обвини дека тие се оштетени
од претумбациите во календарот и под знак прашалник ја стави регуларноста на првенството.

Следеша
одговор од Серија А, од каде порачаа дека „нероаѕурите“ наместо да „плачат“, вината да ја побараат во сопствените редови со оглед на тоа дека одбиле да играат
против Јувентус во понеделник.

Потоа пристигна нова реакција
од Бепе Марота, кој изјави дека предлогот бил потценувачки и го одбиле поради три причини.

Во војната реши
да се приклучи и првиот човек на Интер, Стивен Жанг кој „експлодираше“ и претседателот
на Серија А го нарече кловн.

„Си играте со
календарот и секогаш во втор план го ставате здравјето на луѓето. Вие веројатно
сте најголемиот и најмрачниот кловн кој сум го видел. 24 часа? 48 часа? 7 дена?
Што е следно?  Па уште и зборувате за фер-плеј
и праведно натпреварување. Ајде воопшто да не ги заштитиме играчите или тренерите
и да побараме од нив да играат 24/7 без прекин? Да, ви се обраќам вам.
Претседателот на нашата лига, Паоло Дал Пино! Треба да се засрамите. Време е да
превземете одговорност за вашите постапки! Така се работи во 2020! До сите луѓе
ширум светот, не е важно дали сте навивачи на Интер, дали сте навивачи на
Јувентус или пак воопшто не сте навивачи. Ве молам останете здрави и безбедни!
Тоа е најважната работа за вас, за вашето семејство и нашето општество“

гласеше постот на синот на сопственикот на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×