„Топчиите“ синоќа
ја добија пресметката со Портсмут во ФА Купот и се пласираа во четвртфинале, но
го загубија Лукас Тореира. Уругваецот се повреди по еден опасен старт на Џејмс
Болтон.
Фудбалерот од
средниот ред се превртуваше од болkа, лекарскиот тим на Арсенал влезе на теренот
да му укаже помош, веднаш му беше дадена маска со кислород и додека многумина
беа исплашени, група навивачите на Портсмут почнаа скандалозно да се
однесуваат.
Од трибините
ечеше, „Ќе си одиш дома со еб*на брза помош“. Но не сите на стадионот се за
прекор, кога Лукас Тореира на носилки беше изнесен, доби аплауз и беше
поздравен од публиката.
Лукас Тореира од „Фратон Парк“ си замина на патерици, со заштитна чизма на десната нога. Микел Артета порача дека деталните тестови ќе кажат за што станува збор, дали за фрактура или пак оштетување на лигаментите.