Коронавирусот
направи голем хаос во Калчото, одложени се голем број натпревари, има многу
негодување за новите термини и прашање е дали првенството ќе финишира на време
со сите мечеви одиграни.
Можеше да се игра
без навивачи, но така клубовите ќе изгубат неколку милиони евра од продажба на
билети, ТВ куќите кои вршат пренос не сакаат да емитуваат празни трибини а
Серија А не сака да се прикаже во лошо светло пред фудбалските љубители ширум
светот.
Па ободот на
фудбалските власти за компромис помеѓу профитот и здравјето на луѓето доведува
да се носат одлуки и истите да се менуваат во последен час. Јувентус и Милан во
среда треба да се сретнат во Купот на Италија, првата информација беше дека ќе
се игра со публика, забранет ќе биде влезот само за навивачите од регионите кои
се погодени најмногу од коронавирусот.
Но потоа
пристигна вест дека натпреварот ќе се игра зад затворени врати. Првиот човек на областа Пједмонт синоќа ја
продолжи забраната и мерките кои важеа поради коронавирусот, наместо училиштата
да отворат во среда и животот да се врати во нормала, мерките остануваа на сила
до крајот на неделата.
Ова требаше да
значи дека Јувентус и Милан ќе играат зад затворени врати, но Алберто Чирио
порача дека нема ингеренции за спортски натпревари, и одлуката е во рацете на градоначалникот
на Торино и Владата на Италија. Па сега одново се говори дека ќе има публика на
„Алианц Арена“ во среда.
Во меѓувреме, Л’Екип
пишува дека пред празни трибини може да се игра реваншот помеѓу Јувентус и Лион
во Лигата на шампионите закажан за 17. март. УЕФА внимателно ја следи
ситуацијата и во следните денови ќе донесе одлука. Зад затворени врати може да
се игра и мечот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд.