Генералниот
извршен директор на Интер ја обвини Серија А за лошо менаџирање на ситуацијата
со одложените натпреваи поради коронавирусот и се пожали дека „нероаѕурите“ се
оштетени.
Брзо потоа
пристигна и одговорот од Серија А, првиот човек Дал Пино брифираше дека доставиле
предлог „Дербито на Италија“ да се игра во понеделник и тоа со публика, но Интер
одбил па им порачаа на „црно-сините“ од Милано наместо да „плачат“ и да обвинуваат
други, вината да ја бараат во сопствените редови.
Вечерва Бепе
Марота ја продолжи војната, вели дека понудата да играат против Јувентус во
понеделник била потценувачка и објасни дека ја одбиле поради три причини.
„Во петокот вечерта, добивме
неформален и предлог изваден од ракав од страна на генералниот извршен директор
на Серија А, Де Сјерво да играме во понеделник навечер, и овој предлог
воопшто не го разгледавме бидејќе сметавме дека е непрактичен и провокативен.
Од почит кон Интер, милионскиот број наши фанови како и сите вљубеници во
фудбалот, сметавме дека предлогот е неприфатлив поради три причини“ – вели Марота.
„Прво, не ја
разбираме која е логиката во недела да се игра зад затворени врати, а во
понеделник да има публика. Зар за 24 часа ќе исчезне коронавирусот?“
„Како второ, на
стадионот ќе имаше само навивачи на Јувентус, на нашите навивачи немаше да им
биде дозволен влез и тоа крира неприфатлив дисбиланс“.
„И трето, ќе
требаше да се помести реваншот помеѓу Јувентус и Милан, и да се презакаже за во
четврток, кога Интер игра со Наполи. Тоа може да креира проблеми со Раи, кои ги
поседува ТВ правата“.