ВАР во судиското продолжение му поништи гол на Евертон кој ќе значеше победа над Манчестер јунајтед.
Судиите во собата сметаа дека Гулфи Сигурдсон му попречил во видокот на Давид Де Хеа. Тој не ја допре топката, но судиите сметаа дека имал влијание за погодокот.
Карло Анчелоти беше бесен на ваквата одлука, по последниот свиреж отиде да се расправа со главниот судија кој му покажа црвен картон. Италијанецот потоа влегол во нивната соблекувална да се дообјаснува.
„Зборував со судијата, тоа што му кажав би сакал да остане приватно. Гулфи беше офсајд но не мислам дека тој имаше влијание на видикот на голманот. Тој беше на земја па видикот на Де Хеа беше чист. Но беше досуден офсајд. Сите знаат дека тешка беше одлуката на судијата“, изјави Анчелоти.
Поради црвениот картон, Анчелоти нема да може да биде на клупата на Евертон на гостувањето кај неговиот поранешен клуб, Челси.
#EFC boss Carlo Ancelotti was given his marching orders at full-time!pic.twitter.com/fFz1ZpiuXi
— Sky Sports (@SkySports) March 1, 2020