Нов инцидент, навивачите на Унион Берлин ставија мета на Дитмар Хоп, мечот два пати беше прекинат (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Синоќа се случи
голем скандал во Бундеслигата, навивачите на Баерн Минхен го навредуваа сопственикот
на Хофенхајм, Дитмар Хоп па мечот два пати беше прекинат, и во завршните 15
минути, наместо фудбал, играчите на двата тима само си ја подаваа топката.

Навредите кон
Дитмар Хоп продолжија и денеска, на дуелот помеѓу Унион Берлин и Волфзбург,
домашните навивачи објавија неколку транспаренти, а на еден, сопственикот на
Хофенхајм беше ставен на мета.

Па и овој
натпревар два пати беше прекинат, судијата го запази протоколот и ги испрати фудбалерите
во соблекувална, а официјалниот спикер ги предупреди навивачите дека следен
испад значи и предвремен крај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×