Овој викенд на
програмата требаше да се игра „Дербито на Италија“. Поради коронавирусот, планот
беше Јувентус и Интер да играат зад затворени врати, но во 5 до 12 пристигна
одлука мечот, заедно со уште неколку натпревари, да се одложи и да се презакаже
за 13. мај.
Еден натпревар на
Интер веќе се одложи, дуелот со Сампдорија од минатото коло, а под знак
прашалник е и пресметката со Сасуоло следниот викенд. Па ова беше причина за
„нероаѕурите“ да го кренат гласот, генералниот извршен директор Бепе Марота ја
нападна Серија А за начинот на кој се справува со коронавирусот, и епидемијата која зафати одредени делови од Италија.
„Целава ситуација
се менаџира многу лошо. Требаше да се реагира многу побрзо за да се избегне
алузија. Серија А во четвротокот одлучи дека ќе играме зад затворени врати, во петокот,
Министерот за спорт советуваше против таква одлука. По ваквиот развој на
настаните, грешка направи претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино, кој
донесе одлука да се одложат натпреварите без да се консултира со никого“ – вели
Марота.
„Требаше да викне
итен состанок и сите да дискутираме што треба да се прави, да се најде
заеднички јазик помеѓу потребите на Серија А и насоките кои ги дава Владата. Но
наместо ова, ние само добивме повик и бевме известени дека нема да има фудбал и
тоа е тоа“.
„Ова не е
прифатливо, затоа Интер побара итен состанон на сите 20 клубови. Сакаме да дискутираме
за иднината бидејќи загрижен сум од случувањата. Сакам да знам што ќе се случува
со дуелот Интер-Сасуоло следната недела. Што ќе правиме тогаш. Сигурно нема да
играме зад затворени врати, ќе биде апсурдно да го сториме тоа чим оваа недела
не игравме. Нема шанси во иднина да играме зад затворени врати по она што се
случуваше оваа недела. Исто така нема шанси да играме во понеделник. Единствена
опција за нас е натпреварот да се игра во недела и тоа со публика“.
Доколку Интер
стигне до завршницата во Купот на Италија и Лига Европа, во мај го чека пеколен
распоред и 9 меча во период од 24 дена.
„Интер е оштетен,
календарот во мај е неверојатен. Најголема грешка е тоа што се одложи дуелот
Интер-Сампдорија, требаше да играме зад затворени врати. Никој не сака да игра
без публика, но тоа беше неизбежно во ситуацијава. Во случај да се откажат нови
натпревари, прашање е дали ќе заврши сезоната. Првенството е изобличнот. Помислете
на повреди, суспензии… а да не зборам за психолошкиот аспект“.
„Не е исто да се
игра кога противникот има предност од еден бод, и кога имате негатива од шест
или осум во однсо на ривалите. Мотивацијата е сè“.
„Исто така, прашувам
како беше одреден датум за дуелот Јувентус-Интер пред да биде одреден датум за
дуелот Интер-Сампдорија? Кои критериум беше користен?“
Се шпекулира дека
„Дербито на Италија“ било одложено по притисокот кој го извршил Јувентус,
„старата дама“ не сакала да остане без 5 милиони евра од продажба на билети но Бепе
Марота одби да дотури масло во оганот.
„Иксрено, ваквите
гласини не ме интересираат“.