„Црвените“ имаа
фантастична серија, немаа пораз во Премиерлигата од почетокот на минатата година
(422 дена, односно 44 натпревари), соборија или изедначија еден куп рекорди, а се закануваа и на
две големи постигнувања на Арсенал, односно да одиграат сезона без да загубат и
серија од 49 натпревари без пораз.
Сепак,
избраниците на Јирген Клоп синоќа капитулираа на гостувањето кај Вотфорд и загубија
со 3-0. По крајот на натпреварот, Германецот истакна дека само прашање на време
било кога низата ќе биде прекината и најде позитивна работа во поразот на
„Викариџ Роуд“.
Тренерот на
Ливерпул смета дека неговите играчи повеќе ќе немаат притисок да одиграат
сезона без пораз, па ќе можат повторно слободно да играат фудбал.
„Очекувано беше
да загубиме некој натпревар, јасно беше дека ќе се случи тоа. Не дека намерно сакавме
да изгубиме, едноставно вечерва се случи да загубиме. Повеќе не треба да мислиме на рекордите,
сега можеме да мислиме само на победи. Сега повторно можеме слободно да играме фудбал,
наместо да мислиме дали ќе собориме некој рекорд. Сега треба да се фокусираме
само на тоа да почнеме нова победничка серија и токму тоа ќе го сториме. Она што
момците го направија до сега е извонредно постигнување“ – вели Јирген Клоп.