Наполи ја продолжи мизеријата на Торино, Елмас доби десетина минути (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во еден од
ретките натпревари во Серија А ова коло, Наполи пред своите фанови славеше
против Торино и освои нови три бода со кои стигна до местата кои водат во
Европа.

Избраниците на
Гатузо беа подобар противник, особено во првиот дел кога имаа неколку шанси но
на пауза заминаа само со 1-0 благодарејќи на голот на Манолас во 19. минута. Триумфот
беше потврден во 82. минута кога Ди Лоренцо ја затресе мрежата на асистенција
на Мертенс. До крајот на натпреварот, Едера само постигна почесен гол за „биковите“
кои сега наредија шест порази во низа во Серија А.

Нашиот Елиф Елмас
мечот го почна на клупата, влезе во игра по водството од 2-0, во тие моменти
Наполи не беше премногу расположен за надигрување па тој само рутински
одработуваше да се приведе мечот со победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×