Се јавија хејтерите, Гери Невил веднаш го „истрола“ Ливерпул по поразот од Вотфорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Јирген
Клоп до донеска имаа 26 победи на 27 натпревари оваа сезона, а серијата без
пораз траеше година и два месеци, за последен пат загубија во Премиерлигата
минатата сезона, кога на 3. јануари 2019 капитулираа пред Манчестер Сити.

Во воздух висеа
два рекорди на Арсенал, цела сезона без пораз и серија од 49 меча без пораз, но
„топчиите“ можат да здивнат откако Вотворд денеска го изненади Ливерпул и го
совлада со 3-0.

Поразот беше
причина за хејтерите веднаш да се огласат, легендата на Манчестер јунајтед,
Гери Невил беше еден од првите кои го „тролаа“ Ливерпул на социјалните мрежи и објави видео на кое отвара шампањско.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×