Твитот на Баерн Минхен по немилите сцени на гостувањето кај Хофенхајм

by
2 минути читање

Минхенски Баерн
славеше убедлива победа над Хофенхајм на гостински терен каде броеше до 6,
меѓутоа мечот беше прекинуван поради немилите сцени на трибините, поточно во
делот каде беа сместени гостинските навивачи.

Тие освен што
имаа скандирања со навредлива содржина кон првиот човек на домашниот клуб,
Дитмар Хоп (го нарекуваа „ку*кин син“), а транспарентот кој го извадија на
десет минути пред крајот на пресметката донесе и прекин на мечот, откако се вратија на теренот, фудбалерите на обете екипи си ја додаваа топката на средината од теренот до последниот судиски свиреж.

Настана голема
мешаница под трибинскиот простор, по што се замешаа и неколку лица од Баерн
Минхен, кои бурно реагираа и бараа транспарентите да бидат отстратени, а
посебно револтиран беше тренерот на гостите, Ханси Флик.

Во меѓувреме
Баерн Минхен се одзва на социјалните мрежи, поточно на „Твитер“ каде на кратко
испрати еден вид на соопштение, јасно ставајќи дознавање какво е нивното
генерално мислење по скандалот кој го направија нивните навивачи.

Спортскиот успех
од мечот е во втор план, како и да е. Со оглед на транспарентите со навредлива
содржина кои беа кон Дитмар Хоп во блокот каде беа сместени навивачите на Баерн
Минхен, мечот беше прекинат. По враќањето на теренот, обата тимот си ја додаваа
топката меѓу себе на средината од теренот
“ пишува во нивната објава.

Многу внимание
предизвика тоа што се случи на мечот помеѓу Хофенхајм и Баерн Минхен, а
немилите сцени го погодија и претседателот на „Баварците“, Карл-Хајнц Румениге.

Не можам да
објаснам колку сум посрамотен од оваа ситуација, се срамам поради тоа што се
случи, му се извинивме наДитмар, мораме на овие немили настани да им пристапиме
со голема сериозност
“ рече Румениге по мечот, а фотографиите доволно говорат
какви сцени имаше по крајот на сите збиднувања…

class="twitter-tweet">

Bayern Munich and Hoffenheim players stood together in
support of Hoffenheim owner Dietmar Hopp, who was the subject of insults from
travelling Bayern fans pic.twitter.com/l5ii0vpT22


B/R Football (@brfootball) February
29, 2020

За крај,
многумина ќе останат со дилема околу тоа што се крие зад причините за овој
скандал во Германија, многумина се сомневаат во одредени негодувања кај
навивачите поради неговото откупување на мнозинството акции на Хофенхајм, а
добро познато е тоа дека навивачките групи сакаат дел од колачот да им следи
нив, по што ќе имаат големо влијание во клубовите за тоа како истите да
функционираат.

Сепак, останува
генералната причина за ваквите сцени на претходно наведениот натпревар во
Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×