Коронавирусот го одложи големото дерби меѓу Јувентус и Интер

by
1 минути читање

Натпреварите Јувентус – Интер, Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша се одложени за 13 мај поради коронавирусот.

На 13 мај требаше да се игра финалето од Купот на Италија, но тоа ќе биде преместено за 10 мај.

Овие натпревари требаше да се играат викендов зад затворени врати, но сега е донесена поинаква одлука по кризниот состанок меѓу Владата и фудбалските авторитети.

Клубовите не сакаат да ја загубат заработката која им доаѓа од продадени влезници за одредени натпревари. Пример Јувентус ќе заработеше пет милиони евра од мечот меѓу Интер. Сума која нема да ја инкасира доколку мечот е пред празни трибини.

Доколку се продолжи со одложување и во следните кола од Серија А, тогаш ќе биде речиси невозможно да се најде термин за одигрување на мечевите со што ќе биде загрозена сезоната. Останува да следиме што ќе се случува во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×