Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард во пресрет на гостувањето кај Борнмут
овој викенд во рамките на 28 коло од Премиерлигата, потврди дека напаѓачот Тами
Абрахам се здобил со повреда, поточно се работи за обнова на повредата на
глезененот.
„Се трудиме да
пронајдеме решение, очигледно е дека сево ова е фрустрирачко, тој само што се
врати од повредата, а повторно се здоби со истата“ изјави Лампард.
„Абрахам нема да
биде во комбинација да работи со нас претстојните неколку денови, не знам колку
долго ќе отсуствува“ додаде Лампард за обновата на повредата кај Абрахам, кој
поточно се случила по крајот на пресметката со Баерн Минхен на домашен терен
во Лигата на шампионите.
Освен Абрахам, за
гостувањето кај Борнмут, Лампард ќе ги нема на располагање ниту Н’Голо Канте, односно Кристиан Пулишиќ.