Манчестер јунајтед предводен од Солшер минатата сезона загуби со 4-0 на гостувањето кај Евертон во очајна игра. Стратегот на ѓаволите вели дека тоа бил неговиот најлош меч како тренер.
„Тоа беше најлошиот меч кој сум го водел. Тоа беше капитулација. Ништо не личеше на нас, дури и нивните голови беа од прекини и долги нафрлувања. Се што не сакате да видите како тренер го имаше на тој натпревар“, вели Солшер.
Манчестер јунајтед сега е во добра форма, Бруно Фернандеш внесе свежина во тимот, а синоќа славеа победа со 5-0 над Клуб Бриж, па Солшер има доволно причини да верува дека овој пат многу подобро ќе поминат кај Евертон.
„Сигурен сум дека овој пат ќе покажеме подобри перформанси. Со раката на срце можам да кажам дека овие момци нема никогаш да се предадат и нема да се предадат како тогаш. Ова се момци околу кои сакаме да го градиме следниот тим“.