259
Нејмар сака да се
врати на Камп Ноу но Бразилецот во исто време нема абер да престане со тужбите.
Ел Мундо пишува дека напаѓачот отворил нов судски спор (трет) против
„каталонците“.
Фудбалерот на ПСЖ
бара „каталонците“ да му исплатат 6,5 милиони евра како компензација за данокот
кој тој го платил поради фиктивните договори кои биле потпишани при трансферот
на Камп Ноу во 2013.
Нејмар во јанури
2018 ја тужеше Барселона за неисплатени бонуси и побара 28,6 милиони евра, а во
декември 2019 достави нова тужба со која побара 3,5 милиони евра на име на
неисплатени плати.
Вкупно, тој од Барселона
по судски пат побарува 38,6 милиони евра.