Солшер за погодокот на Фред: Мислев дека попрво ќе умрам отколку да видам тој да даде гол

by
1 минути читање

Бразилецот во
2018 се пресели на Олд Трафорд, пристигна како големо засилуање за Жозе Мурињо
но не снајде најдобро во својата прва сезона. Фред сепак забележа голем
напредок под водство на Оле Гунар Солшер и оваа сезона е еден од подобрите поединци на „ѓаволите“.

Тој синоќа
постигна два гола против Клуб Бриж во победата од 5-0 во Лига Европа, па Норвежанецот
реши малку да се пошегува на сметка на фудбалерот од средниот ред.

„Мислев дека нема
да бидам жив и да го дочекам неговиот следен гол. Често го задевам на оваа тема, но еве, постигна погодок. Навистина ми е мило што погоди“
– вели Солшер
со насмевка на лицето.

Фред последен пат
ја затресе противничката мрежа во септември 2018 година.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

×