Игало го постигна првиот гол во дресот на Манчестер јунајтед и го посвети на починатата сестра (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот ден
од преодниот рок, Манчестер јунајтед го договори трансферот на Одион Игало, кој
на Олд Трафорд пристигна како позајмен до крајот на сезона и на Оле Гунар
Солшер треба да му даде повеќе опции во форот, особено по повредата на Маркус
Рашфорд.

Вечерва
Нигериецот за прв пат беше стартер и го постигна деби погодокот во дресот на
„ѓаволите“. Напаѓачот против Клуб Бриж заврши една одлична акција во режија на
Фернандеш и Мата.

Првата радост во
новиот клуб имаше и специјална посвете, голот беше наменет за неговата сестра која
ненадејно починала во декември минатата година.
При прославата, тој се сврте кон камерата
и го подигна дресот за да покаже маичка на која имаше слика од неговата сестра.
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×