Роналдо: Ова не е резултат кој го посакувавме, но во Лигата на шампионите секогаш е тешко

by
1 минути читање

Јувентус важеше
за еден од фаворитите за овосезонската титула во Лигата на шампионите, но „Старата
дама“ под кормилото на Маурицио Сари игра под своето ниво, а лошата форма се
одрази и во „Серија А“.

Притисокот врз
Сари расте од ден на ден, а синоќа италијанскиот шампион се врати со минимален
пораз од гостувањето кај Лион во првата пресметка со францускиот прволигаш во
осминафиналето од Лигата на шампионите.

Според првата
ѕвезда на „Старата дама“, Кристијано Роналдо, тоа не е резултат кој го
посакувале во таборот на тој состав, но додава дека во елитното европско
клупско натпреварување секогаш е тешко, заклучува дека Јувентус сепак ќе
продолжи понатаму.

Ова не е
резултат кој го посакувавме, но во Лигата на шампионите секогаш е тешко, имаме
дополнителни 90 минути за нова борба во Торино, имаме самодоверба и ќе
продолжиме напред во ова натпреварување
“ напиша Португалецот на социјалните
мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×