156
По веста дека играч
на третолигашот Пјанезе е прв случај на коронавирус во Калчото, од Италија
пристигнува информација дека вирусот направил мал хаос и во Џенова.
Соиграч на нашиот
Горан Пандев тренира сам и во моментов нема контакт со останатиот дел од тимот.
Се работи за дефанзивецот Едоардо Голданига, кој во моментов е здрав и сите
тестови се негативни.
Но како што
пренесува Ил Секоло, фудбалерот и Џенова се договориле тој да стои понастрана
од другите како знак на претпазливост. Ваков потег е повлечен поради тоа што
родителите на Голданига и голем дел од неговото семејството живее во Кодоњо, епицентарот
на заразата во Италија, па постои одреден ризик.