Според пишувањата
на Газета дело Спорт, фудбалер на третолигашот Пјанезе бил позитивен на
коронавирус. Тој минатиот викенд имал симптоми на грип, ноќта сабота спрема
недела кренал температура па во знак на претпазливост не истрчал на теренот.
Сепак, тој бил во
контакт со соиграчите, присуствувал на вечерата пред натпреварот, па откажан е денешниот
тренинг на Пјанезе и се чекаат насоки од здравствените власти.
Во меѓувреме,
италијанскиот тренер Џузепе Санино и неговиот соработник Алесандро Реченти привремено
се отстранети од должностите во унгарскиот клуб Хонвед поради страв од вирусот.
Двајцата неодамна
биле во Италија, кога се вратиле во Унгарија ги поминале сите тестови, но од
таборот на Хонвед не сакаат ништо да ризикуваат, па им наредиле во следните
денови да бидат подалеку од тимот.