Ливерпул се пофали со рекордени приходи, профит од 42 милиони и инвестирани 223 милиони во фудбалери

by
1 минути читање

Клубот од Енфилд
ужива прилично успешен период, минатата сезона триумфираше во Лигата на
шампионите, а во Премиерлигата до последното коло водеше возбудлива битка со
Манчестер Сити.

Избраниците на
Клоп сега не знаат за пораз во Премиерлигата и се на чекор до титула во
првенството на Англија, прва по 30 години. Покрај одличните перформанси,
Ливерпул беше и извонредни резултати надвор од терените.

Денеска беа
објавени финансиските извептаи за сезоната 2018/19 и „црвените“ се пофалија со
рекордни приходи од 533 милиони фунти. Клубот исто така остварил и профит пред
оданочување од 42 милиони фунти.

Раководството не
штедело и биле инвестирани 223 милиони фунти во фудбалери. Со овие пари се
купени Алисон, Кеита, Фабињо и Шакири а обновени се и договорите на 11 првотимци
помеѓу кои Салах, Мане, Фирмино, Александер Арнолд, Робертсон и капитенот
Хендерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×