Почетни состави за дуелите Реал Мадрид – Манчестер Сити, односно Олимпик Лион – Јувентус (ФОТО)

by
1 минути читање

Зинедин Зидан и
Пеп Гвардиола ги отворија картите за вечерашното дерби на вечерта во рамките на
осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, па така имаме можност да се
запознаеме со почетните состави за двата меча кои се предвидени да стартуваат
со почеток од 21 часот, а освен Реал Мадрид – Манчестер Сити, ќе проследиме и
дуел помеѓу Олимпик Лион – Јувентус.

Реам Мадрид и
Манчестер Сити влегуваат доста офанзивно вечерва во дуелот на „Сантијаго  Бернабеу“, обете екипи ќе играат во
формациска поставеност од 4-3-3, кај домаќинот ќе напаѓаат Винисиус Жуниор,
Бензема, како и Иско, а кај гостите триото во нападот го сочинуваат Марез,
Жесус и Силва.

Интересно е тоа
што кај гостите во почетните 11 го нема Серхио Агуеро, ниту Рахем Стерлинг кој
иако се врати од повредата и постоеа шанси да почне од првата минута, сепак
мечот во Мадрид ќе го почне на клупата за резерви.

Што се однесува
до дуелот помеѓу Лион и Јувентус, домаќинот се соочува со одредени проблеми во
составот поради повреди, па така Руди Гарсија ќе нема можност да смета на
Мемфис Депај, кој од поодамна е повреден, ниту на Рафаел.

Во почетниот
состав на Маурицио Сари нема место за Арон Ремси, ниту пак за Гонзало Игуаин,
двоецот мечот во Франција ќе го почне од клупата за резервни фудбалери, а во
стартниот состав на „Старата дама“ најголемата опасност кон голот на Лион
секако доаѓа од Кристијано Роналдо, кој како поддршка ќе го има и својот
соиграч Пауло Дибала, а тука е воедно и Миралем Пјаниќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×