Баерн Минхен
потврди дека напаѓачот Роберт Левандовски ќе биде вон комбинација за настап
четири седмици, откако се здоби со повреда на коленото во синоќешното гостување кај Челси.
„Баварците“
славеа со убедливи 0-3 во Лондон во првата пресметка помеѓу обете екипи во
рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите, а полскиот напаѓач запиша
еден погодок, како и две асистенции на тој меч.
Доколку се покаже
точна првичната најава околу тоа кога би се вратил 31 годишниот Левандовски на
терените, тоа би можело да се случи против неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд
на 4 април во рамките на „Бундеслигата“.
Ова секако е
голем удар за бранителот на титулата во шампионатот на Германија, каде сигурно
докрај ги чека битка за одбрана на титулата, ако се земе во предвид „блискоста“
на табелата во однос на ривалите.
Прв моментално во
„Бундеслигата“ е токму Баерн Минхен со 49 бода, следат Лајпциг со 48, Борусија
Дортмунд 45, како и Борусија Менхенгладбах, односно Баер Леверкузен со по 43
бода.