Серж Гнабри
одново е топ тема, фудбалерот во октомври му даде четири гола на Тотнем, а
синоќа одново блесна во Лондон и два пати ја тресеше мрежата на Челси.
Германецот од 2011 до 2016 беше дел од Арсенал, но откако не се снајде на
Емирати, се врати во Бундеслигата во редовите на Вердер Бремен од каде потоа се
пресели во Баерн Минхен.
Многумина сега си
тераат мајтап со „топчиите“ за тоа како испуштиле ваков играч и тоа за сума од
5-6 милиони евра. Арсен Венгер, кој синоќа беше гостин на БеИН Спортс раскажа
што се случувало, открива дека Серж Гнабри дал збор дека ќе го продолжи
договорот но потоа се предомислил и тие немале многу избор. Французинот исто
така обвини дека Баерн практично го украл играчот од нив.
„Ова момче
едноставно нема лимит, мислам дека главното прашање е колку тој е подготвен да
пати? Има брзина, многу е силен, одлична техника, голема интелегенција… но
понекогаш преферира да го одбере полесниот пат“ – вели поранешниот тренер на
Арсенал.
„Имавме договор
дека ќе продолжи, но Баерн практично го украде преку Вердер Бремен. Доковорот
беше стокмен, тој требаше само да стави потпис, ни имаше дадено збор, но на
крајот не извести дека сака да оди во Вердер Бремен. Но ние добро знаевме дека
не се работи за Вердер Бремен и дека во позадина стои Баерн Минхен. Само шест
месеци по преселбата во Бремен пристигна потврд дека го менува Вердер со Баерн Минхен, но
ние знаеме дека тоа е договорено многу порано. Не можевме да го задржиме
бидејќи договорот му истекуваше, но искрено мислевме дека ќе остане бидејќи ни
кажа дека ќе продолжи“.