Во Јужна Африка: Револтиран навивач влезе со автомобил на терен и тргна кон судијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Изминатиов викенд
во Јужна Африка се случи еден доста редок инцидент во светот на фудбалот, каде
еден револтиран навивач со својот автомобил „БМВ Х5“ влезе на теренот, а
револтиран поради начинот на делењето на правдата наводно тргнал кон главниот
арбитар од пресметката помеѓу Лука Бол Контролерс и Полоквејн Сити Роверс.

Светот ни се смее: Срамот од Ѓорче стигна и до светските медиуми (ВИДЕО)

Гостите имале
водство од 1-2 на 15 минути до крајот на мечот, за потоа да следи и прекин на
истиот поради инцидентот кој се случи, од кој за среќа нема повредени.

Од куќата на
фудбалот во Јужна Африка известија дека домашниот тим е под закана за
суспензија, а од таму бараат брзо да се идентификува лицето сторител на
инцидентот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×