„Доколку нешто се појави на ТВ поврзано со Манчестер јунајтед, тој веднаш го менува каналот“

by
1 минути читање

Голманот на ПСЖ,
Марсин Булка открива дека неговиот соиграч од редовите на францускиот првак,
Анхел Ди Мариа нема добри сеќавања од периодот минат во Манчестер јунајтед.

Аргентинецот во
тимот од „Олд Трафорд“ играше во сезоната 2014/15, меѓутоа по само една сезона
во Премиерлигашот се пресели во составот на ПСЖ, а Булка вели дека Ди Мариа
нема воопшто симпатии кон Манчестер јунајтед.

Ди Мариа го
мрази Манчестер јунајтед, нема добри сеќавања од периодот минат во тој клуб
“ вели
Полјакот.

Всушност, кога нешто
поврзано со Манчестер јунајтед ќе се појави на телевизија, тој веднаш го менува
каналот
“  додава Булка во изјавата за
јутјуб каналот „Фут Трак“.

Свежи се
сеќавањата за последното гостување на ПСЖ кај Манчестер јунајтед ланската
сезона и победата од 0-2 за гостите, во која Ди Мариа учествуваше со два гола,
а притоа искажа голема радост против својот поранешен клуб.

Вреди да додаде и
фактот што Аргентинецот постојано добиваше свирежи од домашните фанови на тој
меч, а особено остана во сеќавање моментот кога Ешли Јанг при еден старт врз Ди
Мариа, тогашниот бек на „Црвените ѓаволи“ доби овации од трибините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×