Погба за Ливерпул: Како фудбалер на Манчестер јунајтед, а со оглед и на големото ривалство…

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Манчестер јунајтед, Пол Погба верува дека Ливерпул заслужува да биде онаму каде
што е денеска, откако составот предводен од Јирген Клоп гази се
пред себе во Премиерлигата, а синоќа
настрада и Вест Хем кој пружи максимален отпор, но, недоволен за изненадување
на „Енфилд“.

Францускиот играч
од средниот ред на Премиерлигашот од „Олд Трафорд“, кој играше само два меча од
септември поради повреда, ја коментира формата на „Редсите“ во изјава за „ЕСПН“,
а не криеше што мисли на таа тема.

Тие немаат
загубено ниту еден натпревар досега во лигата, со еден збор, го имаат
шампионскиот трофеј во едната рака
“ изјави Погба.

Како фудбалер на
Манчестер јунајтед, а со оглед на ривалството помеѓу обата клуба, секако дека
ние не сакаме Ливерпул да ја освои титулата, тоа не му го посакуваме никому,
освен на нашиот клуб, меѓутоа, како човек што го сака фудбалот, морам да кажам
дека тие заслужуваат да бидат онаму каде што се денеска
“ додаде Французинот.

Ливерпул е дури
и подобар од ланската сезона кога ја освои Лигата на шампионите, како и сезоната
претходно кога загубија во финалето од Реал Мадрид
“ заклучи фудбалерот на „Црвените
ѓаволи“.

Ливерпул со 79
бода од 27 натпревари моментално е речиси недостижен лидер на табелата во
Премиерлигата, а како за илустрација повеќе како стојат работите на Островот,
Манчестер Сити како втор заостанува цели 22 бода зад својот ривал во битката за
титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×