Коронавирусот изминатиов
викенд одложи четири натпревари во Серија А, и се закани дека ќе одложи уште
многу. Но поради згуснатиот распоред, беше направен компромис па Интер во
четврток против Лудогорец ќе игра пред празни трибини, а следниот викенд, дури на
шест натпревари ќе нема публика.
Дека се потребни
вакви мерки за претпазливост потврдува информацијата која доаѓа од Шпанија.
Најмалку четворица навивачи на Валенсија, кои минатата недела биле во Милано за
да го следат дуелот на нивниот тим против Ааланта во Лигата на шампионите сега
имаат симптоми на коронавирус.
Тие ги следеле
насоките од здравствените работници, веднаш пријавиле на доктор дека не се
чувствуваат добро и останале дома во еден вид на карантин.
Останува да се види што ќе
покажат деталните тестови и дали и во други земји ќе почне да се применува
практиката натпреварите да се играат зад затворени врати.