Зидан: Ова не е дуел помеѓу мене и Гвардиола, туку помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити

by
1 минути читање

Лигата на
шампионите се враќа на програмата, па така вечерва следат две пресметки во
рамките на осминафиналето, а за утревечер исто, меѓу кои се игра и дуелот
помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, дуел кој сигурно буди голем интерес кај
пошироката фудбалска јавност ширум светот.

За прв пат ќе
имаме можност да проследиме и дуел помеѓу Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола како
тренери на Реал Мадрид, односно Манчестер Сити, а францускиот фудбалски стратег
од клупата на „Кралевите“ вели дека тоа нема да биде дуел помеѓу обата тренери,
туку тоа е од клупски аспект.

Дуелот е помеѓу
Реал Мадрид и Манчестер Сити, нема ништо од дуел помеѓу Зидан и Гвардиола
“ рече
Французинот.

Ова е фудбалски
меч, а токму тоа сакаат луѓето да гледаат од нас на теренот, ние сме среќни
поради тоа што играме натпревари од еден ваков тип, токму тоа ни е потребно

додаде тој.

Не знам дали би
можеле да го сметаме за „Класико“, но сигурно ова ќе биде интересен меч
“ вели
Зидан кој има пофалби на сметка на противникот.

Тие имаат
навистина добар состав, го знаеме квалитетот со кој располага Манчестер Сити,
тие доаѓаат тука да го играат својот добро препознатлив стил на игра, а нам ни
преостанува да одиграме добар натпревар
“ заклучи шефот на стручниот штаб на
Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×