174
Министерот за Спорт на Италија, Винченцо Спадафора потврди дека натпреварите од Серија А од 26. коло ќе се играат без публика во областите каде што има коронавирус.
Меѓу шестте натпревари кои ќе се играат зад затворени врати е и таканареченото „Дерби на Италија“, дуелот меѓу Јувентус и Интер кој оваа сезона е и директна битка за Скудетото.
Натпревари од 26. коло од Серија А кои ќе се играат без публика: Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Сасуоло – Бреша, Јувентус – Интер, Сампдорија – Верона.
Без публика ќе се игра и натпреварот од Лига Европа меѓу Интер и Лудогорец во четврток.