ПСЖ во Италија го бара наследникот на Тухел, разгледува две опции

by
1 минути читање

Целта на ПСЖ е трофејот во Лигата на шампионите, но не само што не успеваат да дојдат до него, туку не можат ни да му се доближат.

„Газета дело Спорт“ пишува дека ПСЖ во Италија ќе го бара наследникот на Тухел, а опциите се две.

Примарната цел е Масимо Алегри, а втор кандидат е Маурицио Сари доколку тој добие отказ.

Алегри е без работа од завршувањето на минатата сезона, тој често се поврзува со тимови од Премиерлигата, најмногу со Манчестер јунајтед, но се уште нема ништо конкретно за неговата иднина.

Јувентус го посакува Пеп Гвардиола и доколку успее да стигне до него, тогаш Маурицио Сари ќе стане минато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×