237
Во понеделникот, Ла Лига на „каталонците“ им даде зелено светло да донесат засилување надвор од преодниот рок како замена за повредениот Осман Дембеле, кој ќе биде надвор од стројот шест месеци.
Изминатиов период медиумите шпекулираа со најразлични имиња, но изборот на крајот падна на Мартин Брајтвајт од Леганес. Голем број на извори од Шпанија пишуваат дека Барселона ја информирала Ла Лига дека ќе ја активира откупната клаузула на напаѓачот вредна 18 милиони евра.
Се очекува Данецот утре да биде презентиран и да му се стави на располагање на тренерот Кике Сетиен веќе за натпреварот во сабота против Еибар.