Мурињо го прекина интервјуто на Сон: Разговарате за головите кои ги даде или шансите кои ги промаши? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Спарси“
попладнево славеа со 2-3 на гостувањето кај Астон Вила и се доближија на само
бод до Челси и топ четири. Херој на Тотнем беше Хеунг мин Сон, кој погоди во
94. минута. Фудбалерот од Јужна Кореја претходно ги донесе гостите во предност
од 1-2 на крајот од првиот дел, но очигледно Жозе Мурињо има одредени замерки за
неговата игра, или поточно финишот.

„Специјалниот“
успеа на интересен начин да го прекори својот играч, и додека Сон разговараше
со новинар, Жозе Мурињо го прекина интервјуто и со насмевка на лицето праша: „Разговарате
за головите кои ги даде или шансите кои ги промаши?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×