„Старата дама“
без многу проблеми ја доби пресметката со Бреша на домашен терен. Маурицио Сари
реши да одмори неколку играчи, Кристијано Роналдо не беше во составот, а на
клупата се најдоа Пјаниќ, Матуиди и Де Лихт. Даглас Коста и Федерико Бернардески
се повредени, па Квадрадо доби шанса во нападот покрај Дибала и Игуаин.
И покрај големите промени во тимот, Јувентус рутински славеше со 2-0. Дибала во финишот на првиот дел
прекрасно погоди од слободен удар, а во продолжението од мечот Квадрадо
финишираше едно двојно додавање со Матуиди за 2-0. Победата можеше да биде уште
повисока, домаќините неколку пати ја погодија рамката од голот
Позитивно е тоа
што Кјелини се врати по шест месеци и влезе од клупата, но лоша вест е
повредата на Пјаниќ, кој не издржа ниту десет минути по влегувањето во игра во
второто полувреме.
На останатите натпревари
од 15 часот, Фиорентина со убедливи 1-5 триумфираше на гостувањето кај
Сампдорија, а Парма минимално славеше со 0-1 кај Сасуоло. На првиот денешен
натпревар, Удинезе и Верона одиграа 0-0.