Тренерот на
Ливерпул во разговор со Гардијан го одбра Јувентус како прв кандидат за
титулата во најелитното европско првенство. Гермецот порача дека никогаш не видел
широк и квалитетен состав како оној на „старата дама“ и изрази чудење зошто тие
немаат 10 бода предност на врвот на табелата во Серија А.
Попладнево пристигна одговорот од Маурицио Сари, кој вели дека Јирген Клоп е паметен и добро знае што
прави со ваквите коментари, односно го тргнува притисок од Ливерпул.
„Колку што
прочитав, Јирген Клоп рече дека не прати Серија А, па веројатно поради тоа е
збунет и зачуден! Тој е еден од најсмешните тренери, но и еден од најпаметните
и јасно е што сака да направи, да го тргне притисокот од Ливерпул бидејќи тие
се фаворити. Исто така, може да се каже дека и Ливерпул има прилично широк и
квалитетен состав“ – вели тренерот на Јувентус.