Дани Себалјос
верува дека фудбалери од негов карактер по стилот на игра тешко дека би се
адаптирале во играта која ја негува европскиот првак Ливерпул.
Шпанскиот
фудбалер од средниот ред, иако имаше можност да се пресели во Ливерпул, на
крајот го одбра Арсенал, каде во моментов е член на таа екипа на позајмица од
Реал Мадрид.
Тој не крие за
најголемата причина поради која ги одбрал „Топчиите“, го наведе поранешниот
тренер на Премиерлигашот од Лондон, Унаи Емери.
„Се гордеев со
тоа што Ливерпул ме посакуваше, меѓутоа го одбрав Арсенал најмногу поради Унаи
Емери“ вели Себалјос за „Марка“.
„Клоп е одличен
тренер, меѓутоа потребно е да ја проследите филозофијата на игра на секоја
екипа, во моментов, фудбалери слични на мене во играта не би се адаптирале
мошне добро во тим како Ливерпул“ додава тој.
Како и да е, 23
годишниот Себалјос едноставно нема среќа, па се здоби со повреда која го
оддалечи од терените, а како главна причина за тоа, во интервјуто за шпанскиот весник вели
дека се многуте натпревари.
Како и да е, Себалјос се рехабилитираше, но и натаму не е опција кај новиот тренер на Арсенал, Микел Артета.