494
„Старата дама“ најде начин како да донесе нови милиони во клупската класа. Вечерва пристигна официјална потврда за продлабочување на соработката со Алианц Арена.
Логото на осигурителната компанија во иднина ќе стои на тренинг опремата на Јувентус, одредени спонзорски права ќе бидат наменти за женскиот тим, a арената ќе продолжи да го носи името на Алианц за дополнителни седум години, односно од 2023 до 2030.
Овој договор на „бјанконерит“ им носи дополнителни 103,1 милиони евра на веќе постоечката соработка со Алианц.