Шефот на
стручниот штаб на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп е сериозно
заинтересиран за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој на лето ќе биде „достапен“
за 60 милиони евра.
Германскиот
репрезентативец беше поврзуван со Ливерпул и ланското лето, меѓутоа на крајот
потпиша нов договор со Бундеслигашот, тоа се случи во август со што се обврза
на верност со Лајпциг до 2023. година.
„Билд“ сега
извести дека откупната клаузула во висина од 60 милиони евра ќе се активира
токму на лето, а „Редсите“ повторно ќе се вратат по неговиот потпис.
23 годишниот
напаѓач постигна 25 погодоци во 30 настапи во сите конкуренции ова сезона,
вклучувајќи 20 погодоци во „Бундеслигата“, со што заостанува само два погодоци
зад првиот стрелец во тој шампионат, напаѓачот на минхенски Баерн, Роберт
Левандовски.
Се верува дека
Вернер ланското лето посакувал да остане во Германија, а очекувал понуда од
Баерн Минхне, меѓутоа би бил отворен за опцијата да се пресели во „Премиерлигата“
на лето.