Сари со коментар за притисокот во Јувентус

by
1 минути читање

Во Италија на
големо известуваат дека Масимилијано Алегри е во статус на „стенд-бај“, тој се
уште е под договор со Јувентус, каде во моментов под голем притисок е шефот на
стручниот штаб Маурицио Сари.

Претседателот на
клубот, Андреа Ањели, како и спортскиот директор Фабио Паратичи имаа и состанок
со Сари, на кој го слушнаа излагањето на искусниот италијански фудбалски
стратег, а во Италија пренесоа дека
Ањели дури и опоменал шестмина фудбалери на „Старата дама“ поради нивната очајна форма која ќе мора да ја поправат.

Како и да е, Сари
запрашан за притисокот, вели дека сето тоа е мошне нормално кога се работи во
клуб како Јувентус.

Доколку не сакав
да се соочам со вакво нешто, не би ја прифатил понудата да станам тренер на оваа
екипа, работата е таква
“ изјави Сари на пресконференцијата во пресрет на
полуфиналната пресметка со Милан во „Копа Италија“.

Ние се уште сме
во позиција да ги оствариме зацртаните цели оваа сезона, секако, во натпревари
каде работите одат на лошо, постојат одредени компликации кои следуваат
“ додава
Сари кој потврди дека имал вечера со Ањели и Паратичи, која воедно била
планирана од претходно.

Бранителот на
титулата во „Серија А“ по 23 одиграни кола во тој шампионат е на делба на
првото место со Интер (54), а „Старата дама“ во последните три меча забележа
два порази, што дополнително се вклучи алармот за одредени промени во тимот од
Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×