Заморано: Конте има посебен карактер, секогаш вади нешто повеќе од своите фудбалери

by
1 минути читање

Интер под водство на Антонио Конте игра одлично, во моментов е на врвот во Серија А со идентичен број на бодови како и Јувентус но подобра гол разлика.

„Конте има посебен карактер. Секогаш вади нешто повеќе од своите фудбалери. Кога играв јас за Интер имав слично одличен тренер, Симони кој беше многу посветен човек“, вели Иван Заморано.

Особено импресивно беше изданието на Интер против Милан, губеа со 2-0 на полувремето, а во вториот дел направија комплетен пресврт и победија со 4-2.

„Кога играте второ полувреме толку поразлично од првото, очигледно е влијанието на тренерот, не само на играчите. Конте дава нешто повеќе на овој тим, тие сега го имаат историскиот карактер на Интер“.

Заморано смета дека неговиот сонародник Алексис Санчез може да биде клучен во битката за Скудетото.

„Ми се допадна Алексис како одигра против Милан. Полека се враќа во форма. Се чини дека прави важни чекори благодарение на вербата која во него ја има Конте“.

„Алексис може да биде клучен во трката по Скудетото. Ги имаме Лукаку и Лаутаро, но Санчез исто така може да даде нешто важно за тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×