Ди Бјаџо го презеде кормилото на СПАЛ

by
1 минути читање

СПАЛ и официјално потврди дека Луиџи Ди Бјаџо е новиот шеф на стручниот штаб на екипата на која и претстои грчевита битка за опстанок во „Серија А“ до крајот на актуелната сезона.

По поразот од 1-2 на домашен терен од Сасуоло во рамките на 23 коло од „Серија А“, во СПАЛ донесоа конечно решение околу отказот за Леонардо Семпличи, кој воедно е дел од една голема историја за малиот клуб.

Под водство на Семпличи, СПАЛ успеа дури од „Серија Ц“, да се избори за прволигашки статус, меѓутоа разделбата помеѓу обете страни доаѓа по еден пораз изминатиов викенд по што се вклучи алармот за тревога во самиот клуб.

Што се однесува до новиот тренер, Ди Бјаџо е селектор на младинската репрезентација на Италија за фудбалери до 21 година, а дефинитивно му претстои голема битка за опстанок на клубот во елитното фудбалско друштво во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×