На Сари му се заканува отказ, Јувентус го враќа Алегри?

by
1 минути читање

Постојат шпекулации низ италијанските медиуми кои велат дека Јувентус би можел да му врачи отказ на својот тренер Маурицио Сари, а воедно „Старата дама“ да го врати на таа позиција Масимилијано Алегри, кој се уште е под договор со италијанскиот првак.

Јувентус го загуби лидерското место на табелата по 23 коло во „Серија А“, односно по поразот на гостувањето кај Верона со 2-1, па во моментов има ист број бодови со Интер, кој пак славеше во градското дерби со Милан со 4-2.

Сари го напушти кормилото на Челси, а во Јувентус, клуб кој има долгогодишна доминација во Италија, очекуваа дека ќе донесе поатрактивен стил на фудбал, што воедно ќе можеше да им донесе успех во Лигата на шампионите, но, барем засега таквите планови се далеку од реални.

„Ла Република“ известува дека во Јувентус постои сериозна група на луѓе кои сметаат дека Алегри треба да биде вратен, воедно, истото се однесува и на претседателот на клубот, Андреа Ањели, кој самиот не е убеден дека Сари е вистинско решение за Јувентус.

Иако освои пет титули во низа, Алегри беше отпуштен поради потребата на клубот за промени, меѓутоа тој се уште е под активен договор со „Старата дама“, а за неговите услуги интерес наводно пријавуваа Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, како и Тотнем, меѓутоа италијанскиот фудбалски стратег наводно посакувал одмор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×