147
Мурињо знаел од време на време да се шиша многу кратко, но се чини дека овој пат има најкратка коса.
Во изјава за „Скај Спортс“ тој објасни зошто го направил тоа.
„Понекогаш сакам да ја скратам косата. Понекогаш сакам да го почувствувам ладното време и сакам малку да ја променам. Но овој пат тоа не беше случај. Заспав и кога се разбудив фризурата ми беше толку лоша што му кажав на берберот, шишај ме кец“, открива Мурињо.
