Интер со гол пресврт го победи Милан со 4-2, Ериксен мечот го почна од клупата. Влезе во текот на второто полувреме и се истакна со еден одличен слободен удар, но топката заврши во пречката.
Данецот е импресиониран од атмосферата на дербито, вели дека таква нема во Англија, но знае дека можеби нема само затоа што не е дозволено.
„Ова беше одлично искуство. Во првото полувреме беше тажно, но да се победи со таков пресврт беше навистина многу, многу посебно“, вели Ериксен.
„Фановите направија голема кореографија низ целата трибина. Таква атмосфера нема во Премиерлигата, можеби затоа што не е дозволено“.
„Тука, навистина чувствувате дека фановите ве носат уште откако ќе пристигнете со автобусот. Ве бодрат додека се возите, ја чувствувате нивната пазија и сфаќате колку е значен овој меч“.