Конте: Не секој може да одигра такво второ полувреме и да му даде четири гола на Милан

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“ се на делба на првото место на табелата откако синоќа го добија големото градско дерби против Милан. „Росонерите“ беа подобар противник во првото полувреме и на пауза заминаа со 0-2, но Интер се врати со два брзи гола на стартот од второто полувреме, а до крајот уште два пати ја тресеше мрежата на Донарума за епски пресврт и триумф од 4-2.

„Ова беше специјална вечер. Во првото полувреме се мачевме и имавме проблеми како на ниту еден друг натпревар оваа сезона. Постоеше ризик да губиме со поголема разлика. Но пронајдовме баланс и верба, честитки за играчите, покажаа карактер, се издигнаа по моментите на тешкотиии. Тоа е знак дека се подготвуваат за нешто големо“ – вели Антонио Конте.

„Следните десетина натпревари ќе ја дефинираат сезоната, периодот кој не чека ќе биде прилично интензивен. Потоа ќе можеме подобро да кажеме какви се шансите за Скудетото. Но секако, можеме да сонуваме за титулата“.

Запрашан што им кажал на своите фудбалери на паузата и дали го применил познатиот „фен“ на Сер Алекс Фергусон, тренерот на Интер вели: „Немаше потреба да зборувам многу, кога нешто не оди како што треба, секој треба да превземе вина. И јас бев делумно одговорен за тоа што примивме два гола во првото полувреме. Но останавме обединети, најдовме начин како да излеземе од тешка ситуација. Оваа вечер треба да ја запаметиме, ќе ни помогне во иднина за да се справиме со слични потешкотии“.

„Не секој може да одигра такво второ полувреме и да му даде четири гола на Милан. Ова беше важна вечер, ни покажа дека пред се треба да играме со глава, а потоа со срце и нозе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×