Три асистенции на Меси, Барса два пати се враќаше на Виљамарин и ги однесе трите бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Последниот
натпревар од 23. коло во Ла Лига донесе возбудлива пресметка на Бенито
Виљамарин. Бетис два пати водеше против Барселона, но гостите се враќаа и стигнаа
до победа од 2-3 благодарејќи на три асистенции на Лео Меси.

Домаќините
поведоа со голот на Каналес од пенал, но Де Јонг брзо го изедначи резултатот.
Една грешка на Видал на средината отвори контра за Бетис а Фекир прецизно биеше
за 2-1. Сепак, во последните секунди од првиот дел, Бускетс реализираше за 2-2
по еден прекин.

Во продолжението
од натпреварот, Лео Меси имаше неколку добри шанси, но откако не успеа да
погоди, Аргентинецот по трет пат асистираше и неговата нафрлена топка Ленгле ја
смести во мрежата за 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×