Иско погоди по десет месеци, Јовиќ по три месеци, Реал Мадрид триумфално во Памплона (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Кралевите“
прокнижија нови три бода, попладнево избраниците на Зинедин Зидан триумфираа во
Памплона со 1-4.

Осасуна рано поведе со голот на Гарсија, но Иско конечно
погоди по 10 месеци во Ла Лига и изедначи на 1-1.  Пет минути подоцна, Касемиро спушти на
втората статива а Рамос реализираше за пресврт и 1-2.

Во финишот на
мечот, гостите ја потврдија победата, Лукас заврши една контра за 1-3 а Јовиќ
само што влезе од клупата,
со убав полуволеј ја затресе мрежата за 1-4 и прв
погодок по три месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×