Хендерсон доби синче а Салах доби ќеркичка, девет месеци и еден ден по историскиот камб-бек од 4-0 против Барса!

by
1 минути читање

На 7. мај
минатата година, Ливерпул го направи невозможното, на Енфилд ја совлада
Барселона со 4-0, ја надополни негативата од три гола од првиот меч и се
пласираше во финале во Лигата на шампионите, каде подоцна го совлада Тотнем и
стигна до трофејот од најелитното европско натпреварување.

Девет месеци и еден
ден подоцна, на 8. февруари 2020, Џордан Хендерсон и Мохамед Салах добија
принови во семејствaтa. Сопругата на Англичанецот се породила и на свет донела
момче, а неколку часа подоцна, се породила и сопругата на Египјанецот, која на свет
донела девојче.

На сите им е
јасно дека ова не е коинциденција, и дека фудбалерите и во спалната ја
прославиле големата победата на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×