160
Нов потег на Герет Бејл кој ќе ги разочара навивачите на Реал Мадрид, Велшанецот и денеска порано си замина од Бернабеу.
Тој поради повреда не беше во составот на Реал Мадрид, мечот го следеше од трибините но не издржа до крај. Беше фатен како пред време си заминува од стадионот, кога неговиот тим губеше со 4-1.
Мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад имаше драматична завршница, кралскиот клуб успеа да дојде до 4-3, но не и да се спаси од елиминација.